Уставен суд расправа за уставноста на екстерното тестирање

По неколкугодишните критики од голем дел од јавноста, откако и новата Влада на 1 јуни го укина, Уставниот суд денеска на седница од 9 часот ја оценува уставноста на екстерното тестирање.

На страната на Уставен суд како прва точка стои разгледување на „Правилник за начинот на формирање и работење на училишната комисија, тајноста на материјалот зе екстерно проверување, начинот на проверување на тестовите од страна на училишната комисија, како и формата и содржината на извештајот од екстерното проверување во средните училишта бр.19-7906/3 донесен од Министерот за образование и наука на 22 април 2013 година, во целина и посебно член 17“.

Инаку, иницијативата беше поднесена од Професорскиот пленум, кои долго време се бореа и заедно со повеќе ученици, родители и просветители упатуваа на голем број недостатоци во екстерното тестирање.