Уметница направи беџови со кои ги честита секојдневните победи кои остануваат незабележителни

Секоја победа заслужува пофалба, смета уметницата Емили Мекдауел. Токму поради тоа таа создаде повеќе беџови со смешни, но и инспиративни пораки со кои се искажуваат личните достигнувања како резултат на секојдневната храброст.

„Сфатив дека ние всушност немаме тенденција да ги прославуваме или да ги препознаваме нештата кои се всушност нашите најголеми предизвици”, изјави уметницата за Mashable.

Во моментов таа направи 24 беџови на кои има пораки како „Престанав да се дружам со расист“ и „Пиев доволно вода”, со тоа што компанијата им ги честита на поединците нивните остварувања кои најчесто поминуваат незабележано.

„Го послушав својот совет“ гласи една од пораките

„Наместо да напишеме картички со емпатија, во што веројатно сме најпознати, јас започнав да размислувам за најтешките делови во животот”, изјави Мекдауел за нејзиниот креативен процес.

На прашањето кој е нејзиниот омилен беџ, таа  призна дека тоа е беџот на кој пишува: „На некој не му се допаднав и тоа е во ред.”

Ваквите беџови, вели оваа уметница, може да бидат одличен, охрабрувачки подарок.