УКИМ објави оглас за работа на ЕРАЗМУС+ проект

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува оглас за работа на проект ЕРАЗМУС+ во област на меѓународна соработка и академска размена со ЕУ универзитети.

Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:

–    завршено високо образование, Филолошки факултет, група англиски јазик со или без завршен втор циклус на студии и познавање на втор светски јазик;
–    работно искуство од најмалку 3 години, работа на меѓународни проекти   или искуство во меѓународна соработка со владини и невладини организации;
–    способност за  кореспонденција и комуникација со институции во земјата и странство.

Потребно е да се достават следниве документи:

–    Кратка биографија со фотографија (Europass)
–    фотокопија од диплома и уверение за положени испити;
–    потврда за работно искуство со препорака;

Ангажирањето е за определен временски период со полно работно време понеделник-петок од 08-16 часот.

Заинтересираните кандидати потребните документи да ги достават на: е-mail: ukim.erasmus@ukim.edu.mk  до 15 февруари 2018.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите ке бидат повикани на интервју.