„Училишна сообраќајна единица“ во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица почна да  функционира „Училишна сообраќајна единица“, организирана од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и СОУ „Миле Јаневски Џингар“. Двата изминати дена се реализира  првата од низата акции чија првенствена цел е да се подобри сообраќајната свест и да се унапреди сообраќајната култура кај учесниците во сообраќајот во Македонска Каменица.

Како што информираат од Општината, учесниците во акцијата имаат советодавна улога и преку промотивни материјали ќе делуваат за почитување на сообраќајните правила и прописи.

Целта на овие акции е да се покрене културата и етиката кај граѓаните за одговорно учество во сообраќајот, но и да се поттикне локалното население активно да се вклучи во општествените процеси за креирање на општество со високо ниво на сообраќајна култура и издигнување на безбедноста во сообраќајот како највисока општествена вредност, велат од Општина М. Каменица.