Три дежурни билетари на ЈСП – Скопје за празниците

Во пресрет на претстојните велигденски и првомајски празници од ЈСП – Скопје соопштија дека ќе работат три дежурни билетарници на јавното сообраќајно претпријатие.

Во петок (26.04.2019 година), недела (28.04.2019 година), понеделник (29.04.2019 година) и во среда (01.04.2019 година) дежурни ќе бидат билетарниците:

*Зелен пазар од 7-19,30 часот

*Ѓорче Петров од 7-13 часот

*Транспортен центар од 7-19,30 часот

Во сабота (27.04.2019 година) билетарниците ќе имаат вообичаено работно време.