Трето издание на Скопје Стрит Фестивал во Градски парк

Третото издание на Скопје Стрит Фестивал ќе се одржи од 5 до 7 јуни во Градскиот парк во Скопје. Фестивалот беше создаден во 2013-та година, како подиум на урбана улична уметност, каде се собраа повеќе од 30 музички и стрит артисти, кои преку креативност, интеракција и музика го трансформираа градот во една супер урбана средина.

Ова е единствениот отворен фестивал кој зборува за улична култура и мотивира урбано будење.

Фестивалот вклучува 6 стејџа: графити, музички, скејт/блејд/бајк, стрит бол, денс и Игло работилници. На третото издание ќе се зборува за мултикултурата како важен сегмент во градење на стабилно опшетство.

Организаторите упатуваат покана до младите на Скопје и пошироко да бидат дел од фестивалот, да се забавуваат, навиваат и едуцираат, а со тоа да помогнат во градењето на стратегијата за едно урбано и здраво Скопје.

„Градот на солидарноста заслужува отворен и масовен фестивал за млади. За Скопје! Зошто радост е“, велат од Скопје Стрит Фестивал.