Трет Outdoor фестивал Даутица на 2 и 3 јуни

На 2 и 3 јуни „Грин Пауер“ го организираат третиот Outdoor Festival, Даутица 2018. Фестивалот опфаќа планинарење, друмски велосипедизам и се соединуваат сите овие активности во еден заеднички настан.

Програма за настанот:

Планинарење:

– Во недела во 9:15 часот од дворот на планинарскиот дом Папрадиште (1000 м.н.в.). Опфаќа искачување на врвот Даутица (2178мнв) м.н.в. Патеката е средно тешка, маркирана по цела должина, долга 16 км во обата правци, четири и пол часови одење до врв и вкупно движење во група околу 7.5 до 8 часови во двата правци. Вода има на две места по должината на патеката. Последниот извор е на два часови пред врв. Исхрана од ранец. Обезбедени се планинарски водичи. Од врвот Даутица се простира невозможно убаво поглед кон сите четири страни на светот- Вештачко езеро Козјак со природен резерват Јасен, Солунска Глава, Караџица, Поречие и Македонски Брод, Пелагонија, Пелистер, Крушево, Рила, Пирин, Кожуф, Беласица, и цела Западна трансверзала.
За помалку спремните предвидено е формирање на полесна група за искачување до месноста Куртовица (1680 м.н.в.), или до планинарскиот дом Чеплес (1430 мнв).

Велосипедизам:

Во сабота, во 8:30 часот од дворот на паркингот на гимназијата „Кочо Рацин„ во Велес. Патеката е средно тешка, со должина од 56 км во еден правец. Асфалтирана е по цела должина, а последните 7-8 километри се вози по наклон до 10 отсто. Враќање кон Велес во недела во 17 часот.

Настанот е од отворен карактер и не се плаќа котизација. 

„Сите учесници во настанот(велосипедисти, и планинари) доаѓаат на сопствена одговорност. Учесниците кој сакаат да дојдат еден или два дена порано, може да се сместат во планинарскиот дом Папрадиште, во шатори, во приватно сместување во куќи во Папрадиште или во околината (доколку има поголема заинтересираност)“, се вели во најавата. 

Ноќевање во планинарскиот дом Папрадиште е 200 денари, ноќевањето во шатор во дворот на домот е 100 денари (ограничени места за 7 до 9 шатори), ноќевање во шатор на игралиштето во Папрадиште со поглед кон Солунска Глава- бесплатно). Ноќевање во приватно сместување во куќи во Папрадиште или во околните капацитети е 200-250 денари.

„За сите учесници во недела после турата, е предвиден бесплатен ручек, додека пијалоците ќе бидат по пристапни планинарски цени. Дополнителни информации и понатамошни детали очекувајте во најскоро време и сите евентуални промени ќе бидат јавно објавени во состав на главниот настан“, истакнуваат организаторите.

ПРИЈАВУВАЊЕ за ноќевање( со шатор, во дом или во приватни куќи) се врши исклучиво телефонски.
ОДГОВОРНИ лица за планинарење:
Игор 075/361-877(после 23 мај), Антонио 078/384-264 и 078 295 644(Марија)
ОДГОВОРНИ за велосипедизам: Трајче Стојевски – Дебар 071/637-616 и 075 757 297 (Емил)

Организаторите посочуваатт дека сите или дел од активностите предвидени со настанот може да бидат одложени или откажани поради лоши временски услови или по лична проценка, доколку организаторот процени дека не постојат безбедни услови за нивно реализирање.