„Trash Fashion Macedonia“ – трета модна ревија од отпадни материјали

Во среда (5 јуни ) во Младинскиот Културен Центар- Скопје ќе се одржи третиот по ред Trash Fashion Macedonia 2013“. На модната ревија учествуваат тимови од 47 средни училишта кои добија задача да направат модни креации од отпадни материјали.

„Trash FashionMacedonia 2013“ по трет пат

На ревијата ќе бидат прикажани модерни фустани изработени од салфетки, чанти од стари тастатури, чевли од копчиња и накит од лименки. Тимовите на најдобрите модни креации, оценети од петчленото жири ќе добијат таблет компјутери, мобилни телефони, викенд патување, накит и вредносни ваучери.

Како новина оваа година за време на манифестацијата ќе се одржи работилница за изработка на накит од пластични шишиња и капачиња, изложба на победничките фотографии од Конкурсот на тема „Зелен раст и климатски промени“, стилистот Даниел Николовски ќе има мејк-ап перформанс, а дел од средношколците ќе се претстават со музички настап на инструменти изработени од отпад.

„Trash Fashion Macedonia 2013“ ја организацира Здружението на граѓани ОХО и e дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, која се реализира во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за образование и наука на Република Македонија.