Традиционално извидничко ноќно искачување на Водно

Сојузот на извидници на Македонија традиционално го одбележува Светскиот ден на извидниците со ноќно искачување на Водно. Овој настан е отворен за извидниците ровери но и за сите оние кои сакаат да се придружат на една интересна ноќна авантура а имаат 18 години или повеќе.

Искачувањето е закажано за 20 февруари (сабота), во 18:00 часот од Парк на новинари и организирано групата ќе се движи преку планинарски патеки до врвот на планината Водно.

Во планинарскиот дом ќе се одржат активности од забавен карактер се до полноќ, а потоа ќе започне спуштањето од планината по асфалтниот пат.

Групата ќе биде водена од водичи одредени од организаторот

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:
– Психофизичка подготвеност за пешачење во зимски услови
– Високи зимски разгазени чевли
– Зимска облека која заштитува од дожд и ветер (за преоблекување)
– Капа и ракавици
– Челни ламби
– Планинарски стапчиња
– Храна и вода