Тинејџерите драматично го напуштаат Фејсбук

Тинејџерите ја напуштаат социјалната мрежа Фејсбук во корист на други платформи како што се Снепчат или Инстагран, покажува студија од истражувачкиот центар „Пју”, пишува Гардијан.

Само 51% од индивидуалните корисници во САД на возраст од 13 до 17 велат дека користат Фејсбук , што е драматично помалку од претходните од 71% во 2015 година, покажува истражувањето.

Во студијата за оваа година, „Пју“ објави дека Фејсбук се користи, „значително помалку“,  од процентот на тинејџери кои се изјасниле дека користат Јутјуб  (85%), Инстаграм (72%) или Снепчат (69%). Во претходната студија, само 52% од тинејџерите велат дека го користеле Инстаграм, додека 41% изјавиле дека го користеле Снепчат. Јутјуб не бил вклучен во истражувањето во 2014-2015 година.

Користењето на ФБ е поголемо кај тинејџери кои се од посиромашни семејства, во споредба со оние од побогатите. Кога биле прашани која од онлајн платформите најмногу ја користат само 10% изјавиле дека тоа е Фејсбук. Триесет и пет проценти се изјасниле за Снепчат, 32% за Јутјуб и 15% за инстаграм, кој пак е во сопственост на Фејсбук.

„Повторно, кај тинејџерите со пониски приходи има далеку поголеми шанси од оние со повисоки семејни приходи да кажат дека Фејсбук е најкористената онлајн платформа. Тие ја користат најчесто (22% наспроти 4%),“ се вели во извештајот, насловен „Тинејџери, социјални медиуми и технологија 2018“.

Има одредени разлики кои се поврзани со родот и етничката припадност. Кај девојките имаа поголема веројатност да го идентификуваат Снепчат како најкористена мрежа (39% наспроти 25%). Тинејџерите црнци за разлика од своите врсници белци почесто го бираат Фејсбук за најкористена платформа (26% спроти 7%), додека кај белците тинејџери (41%) има поголема веројатност да го изберат Снепчат за најкористена платформа во споредба Латиноамериканците (29% ) или тинејџерите црнци (23%).