„The Local Blue“ во петок свират во „ШортБас“

Во скопскиот „ШортБас“ (ShortBus) повторно ќе се одржи свирка на психоделичниот рок состав „The Local Blue“.

„Интергалактичкиот брод со ознака TLB-04 се приближува кон земјата. Времето на неговото слетување е предвидено за 12-ти април, или поточно овој петок, во 21:00. TLB-04 е најновиот модел од серијата TLB, која и претходно слетувала на истово место, но со нејзиниот претходник – моделот TLB-03. И оваа верзија, како и претходната, со себе ја носи добро познатата звучна психоделија, но овој пат збогатена со уште една цела палета од нови бои. Тоа го прави уживањето уште понеизбежно“, стои во најавата.

Во овој, проширен состав на „The Local Blue“ свират Кристијан Новковски на тапани, Панде Ефтимов на бас, Кристијан Савиќ на електрична гитара, а сега дополнително и Нинослав Спировски на тенор саксофон.