„Охридско лето“ денеска продолжува со концертната претстава „Меџик нешнл“ во изведба на Националниот театар „И. Л. Карагиале“ од Букурешт.
„Меџик нешнл“ не е класична театарска претстава, туку своевидно концертно шоу, поставка на режисерот Кон Карамитру која нуди поинакво музичко-театарско доживување.
За настапот на романскиот Национален театар резервирана е фестивалската сцена во предворјето на катедралната црква „Света Софија“.
Почетокот е закажан за 21 часот.