Светска премиера на „Кога дрвјата паѓаат“ на „Берлинале“

Филмот „Кога дрвата паѓаат“ што е копродукција помеѓу Македонија, Украина и Полска светска премиера ќе има на престижниот меѓународен филмски фестивал во Берлин -„Берлинале“, во програмата „Панорама“, каде ќе се прикажат пет фестивалски проекции и две затворени проекции за филмските професионалци.

Филмот е во режија на Украинката Марисја Никитук, а на „Берлинале“ ќе се натпреварува во пет категории, меѓу кои и за наградата „GWFF“ – за најдобар прв игран филм.

Продуценти на филмот се македонската компанија „Фокус ин“, украинските компании „Директори филмс“ и „Солар Медија ентертејмент“ и „Месиџ филм“ од Полска.

Македонскиот креативен придонес во филмот „Кога дрвата паѓаат“ го обезбедија Блаже Дулев како монтажер, Александар Пејовски како ко-композитор и Крсте Господиновски како супервизор и креатор на визулени ефекти заедно со цел тим артисти за 3Д и визуелни ефекти.

Приказната во филмот се одвива околу малата хероина која мора да разбере колку е важно да се бори за нејзините соништа.

Филмскиотт фестивал „Берлинале“ оваа година ќе биде одржан од 15-25 февруари.