„Студентска музичка пролет“ на Универзитетот ФОН

На Универзитот ФОН од 27 до 29 март ќе се одржува „Студентска музичка пролет“, интердисциплинарен проект чија цел е унапредување и збогатување на културниот живот на студентите.

„Манифестацијата опфаќа четири бесплатни концерти на класична и алтернативна музика на докажани и нови имиња од македонската музичка сцена, предавања, проекција на филм, студентски дебати и трибини. Проектот е поддржан од Министерството за култура, Универзитетот Американ колеџ Скопје и Универзитетот ФОН“, стои во најавата на настанот.

Манифестацијата „Студентска музичка пролет“ започнува на ФОН со концерт на класична музика (виолина и виолончело), предавање на доц. д-р Мира Беќар „Музиката, јазикот и субјективносто искуство“ и концерт на музичката група „Sweet Rapscallions“.

Ќе има и студентска дебата „Улогата на музиката во современите општества“ на која ќе учествуваат Дарија Андовска (ФМУ), Мариглен Демири (ИОХ) и Дејан Петровиќ (музичар), потоа предавање на доц. д-р Ивана Трајаноска „Класичната музика и модерниот роман“, студентска трибина, проекција на краткометражниот анимиран филм на Иван Ивановски „Образец Б16“ и диџеј сет на Соња Исмаил.

Влезот е бесплатен. Целосната програма може да се погледне на флаерот подолу: