Студентска музичка пролет 2021: Време е за култура на универзитетите!

Четвртото издание на Студентската музичка пролет, годинава ќе биде со скратена програма, но организаторите ја опишуваат како квалитетна и инспиративна. Оваа интердициплинарен манифестација ќе се одржува онлајн од 12 до 23 април.

„Време е за култура на универзитетите!“, стои во најавата за настанот кој изобилува со предавања на разни теми меѓу кои и за музиката на Дејвид Боуви и развојот на домашната музичка сцена.

„Студентска музичка пролет“ е интердициплинарен проект кој има цел да го подобри квалитетот на културниот живот на студентите преку организирање културни настани на самите универзитети.

Во фокусот на проектот е музичката уметност и нејзините врски со другите уметности, научни дисциплини и општеството.

Сите детали за настаните ќе бидат објавени на ФБ профилот на СМП.