Студентка создаде салфета што открива дали во пијалакот има дрога

Дања Шерман, студентка на Универзитетот во Вашингтон создаде салфета откако била дрогирана и нападната додека студирала во Шпанија.

Според неа, за првпат била свесна за овој проблем и тоа прераснало во нешто лично за неа.

Мотивирана од нејзиното сопствено искуство, како и искуството од илјадници други, Шерман ја доби идејата за „KnoNap“ – салфета која е способна да тестира 26 од 40 најчесто употребуваните дроги за силување.

„KnoNap“ или во целост „The Napkin That Knows“ („Салфетата што знае“) е способна да спречи и да ги заштити луѓето од силување.

„Секоја салфета изгледа и делува како нормална салфета. Единствената разлика е тоа што на секој агол, истурате капка од вашиот пијалак, и ако во него има некакво приуство на дрога, се менува бојата“, појаснува Шерман.

Засега, производот е финансиран од универзитетот, а помош добива и од Халкион инкубатор. Дополнително, Шерман склучува соработки со производители, а во план и е да започне Кикстартер кампања напролет.

„Се надевам дека мојата компанија ќе направи социјална промена, поголема свест за проблемот, но на крајот на денот, да им даде моќ на индивидуи да бидат побезбедни за никој повеќе да не мора да каже и јас“, вели таа.

Шерман сака луѓето да знаат дека нејзиниот пронајдок е наменет за заштита и на мажите, и на жените.