Студенти по медицина од УГД подарија новогодишни пакетчиња на деца во Штип

Студентската организација за студенти по медицинам при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, се вклучи во хуманитарна акција за доделување на новогодишни пакетчиња.

Тие им подарија пакетчиња на дечиња од одделот за Педијатрија при Клиничката болница во Штип, дечињата од Специјалната паралелка за деца со посебни потреби од училиштето „Ванчо Прќе“ во Штип, Мал групен дом и Центарот за аутизам.

Студентите вусшност беа логистичка и техничка поддршка на акцијата што првично ја започна д-р Горан Трајковски, кој преку социјалните мрежи и многубројни донации обезбеди пакетчиња за децата низ целата држава.

Трајковски успеа да обезбеди преку 1000 пакетчиња, а бидејќи тој моментално работи и живее во Германија, логистиката ја направија волонтери кои се согласија пакетчињата и останатите подароци да ги распределат низ институции во државата.

Од Студентската организација се надеваат дека оваа акција би можела да стане традиција. со што ниту едно дете нема да остане без новогодишен подарок.