Стотици шишиња со чешко пиво завршија на автопат откако се превртел камионот кој ги превезувал

Чешката полиција вчера соопшти дека камион кој превезувал стотици шишиња со „Пилснер Уркел“ пиво, се превртел на автопатот „Д5“, предизвикувајќи ги луѓето на социјалните мрежи да жалат за ваквата „загуба“, јавува „Prague Morning“.

Инцидентот се случил вчера во попладневните часови на 48 километри од Прага. Според прелиминарната верзија на полицијата, никој не е повреден, а сообраќајот се вратил во нормала по неколку часа.

„Камионот возеше делумно надвор од патот и потоа се врати на лентата, каде товарот, односно гајбите со пиво испаднаа“, рече портпаролката на полицијата Хана Крофтова.