[Став] Студентите мора да се борат за својата слобода на информирање

Студентите на Cambridge минатата недела открија дека само 10,8 отсто од највисоко платените вработени на универзитетот се жени. Од вкупно 101 лице платено по 140 илјади фунти или повеќе во 2015 година, дури 90 отсто биле мажи.

Оваа сторија, објавена во единствениот независен студентски весник на Cambridge, Varsity, ќе беше невозможно биде откриена без Актот за слобода на информирање (Freedom of Information Act – FOI). Ова витално парче легислатива, воведено во британскиот правосуден систем во 2000 година, ѝ дава на секоја индивидуа „право на пристап“ до информација во јавна сопственост, и ни овозможува нам да водиме сметка за нашите универзитети и јавни институции.

Но, тоа право сега е под закана. Минатата година, со особено неразбирлив јазик, владин документ ја покрена можноста универзитетите да се исклучат од тој акт. Во документот пишува дека владата смета дека треба да се стави под прашање дефинирањето на универзитетите како „јавни институции“, бидејќи FOI не важи за приватниот сектор.

Да се исклучат универзитетите од таа слобода на информирање не смее да се дозволи. Факт е дека универзитетите се претежно јавни тела, со оглед на тоа што школарината, финансирањето, заемите и истражувањата се регулирани од владата.

Реперкусијата во Cambridge минатата недела прикажува зошто универзитетите не треба да бидат поштедени од контролата. Jackie Ashley, претседателка на Lucy Cavendish College во рамките на Cambridge, вели дека половиот јаз во платите е „повик за будење“. Професорката Judith Lieu, првенец во борбата за еднаквост, смета дека е „длабоко загрижувачки проблем“.

Сепак, слободата на информирање се протега многу подалеку од овој проблем. Служи да се имплементираат вредни кампањи низ цела земја, а кога студентите понекогаш трошат и по 9000 фунти годишно на партиципација за студии, оправдано е да се експонира сомнителното трошење.

На пример, студентскиот весник на Exeter, Exeposé, откри дека највисоко платените вработени на овој универзитет потрошиле повеќе од 10 илјади фунти за авионски билети од прва класа. А во Warwick, весникот The Boar објави дека една вечера во чест на пензионирањето на вице-канцелар чинела 16867 фунти. The Boar ја објави и „огромната количина на храна вредна 56 илјади фунти“ која универзитетот ја набавил во 2015. Како резултат на оваа сторија, раководството на универзитетот ја разгледува можноста да го донира вишокот храна во хуманитарни цели.

На универзитетите не смее да им се дозволи да се кријат кога станува збор за трошењето на пари. Сепак, слободата на информирање не служи само да се дознае за трошењето, туку може да се искористи и за други значајни кампањи.

Во јануари 2014, мојот весник, Varsity, го искористи овој акт за да ја открие стапката на вработени во Cambridge кои земаат помалку од просечна плата. Откривме дека 1113 вработени на универзитетот добивале помалку од 7,65 фунти на час. Во јули 2014, универзитетот вети дека на сите ќе им плаќа просечна плата.

Чест аргумент против слободата на информирање е нејзината цена. Во документот – барање за исклучување на универзитетите од актот, владата тврди дека оваа слобода ја чини 10 милиони фунти. Сепак, нема никаков извор или индикатор кој ќе ја потврди оваа сума. Се чини дека е преземена од извештај од Universities UK, организација која ги застапува вице-канцеларите.

Henry Shalders, уредникот на Cherwell на универзитетот Oxford, вели дека слободата на информирање е значаен инструмент и ја повикува владата да размисли за промените на FOI.

Ryan Gould, уредник на Durham’s Palatinate, исто така го брани FOI.

„Ќе потфрлиме во остварувњето на нашата мисија да ги информираме студентите за податоците кои треба да ги знаат за своите универзитети“, вели тој.

Без разлика дали се работи за половиот јаз во платите или нерационалното трошење на средства од универзитетските фондови, слободата на информирање е од витално значење за универзитетските весници, кои немаат големи буџети, да внимаваат на универзитетите.

Нејасните стереотипи, како тој дека Cambridge го водат стари, бели мажи, може да ги потврдат само цврсти факти, како тој кој го објави Varsity. И ќе продолжиме да ги користиме нашите законски права да откриваме стории, со надеж дека владата ќе го закопа овој предлог.

Ако владиниот план се оствари, студентите мораат најгласно да го одбранат FOI ако се грижат за тоа нивните универзитети да ги застапуваат нивните права, да бидат посвесни за тоа како ги трошат нивните права, и најважно од сѐ, поодговорни кон оние кои ги едуцираат.

Jack Higgins, студент на Cambridge University и уредник на Varsity, за Guardian