Стапи во сила делумната забрана на дизел-возила во Хамбург

Хамбург од денеска е првиот германски град кој воведува казни за возење на постари дизел возила во одредени делови од градот, со цел да се подобри квалитетот на воздухот. Делумната забрана е поздравена од еколошките здруженија и претставува удар за автомобилската индустрија, пишува Дојче Веле.

Во пристанишниот град, на полноќ стапи на сила забраната за движење на постари дизел-возила на двете главни улици – Макс Брауер Алли долга 600 метри и 1,6 километарската делница Стреместантрасе.

Сите дизел возила што не ги исполнуваат стандардите за емисија на Евро-6 се погодени од забраната.

Помалку од една третина од дизел возилата регистрирани во градот на почетокот на годината ги исполнуваат стандардите, соопшти Федералната агенција за автотранспорт.

Исклучоци од забраната: на една од улиците може да се движат возила за вонредни ситуации, жители и посетителите, камионите за товар, камионите за испорака и таксисти.