Станици за пчели во Холандија

Градот Утрехт во Холандија во напор да ги спаси локалните пчели покрил 300 станици за автобуси со растенија, на тој начин претворајќи ги во станици за пчели. Освен што ќе ги израдуваат инсектите, овие кровови ќе ја заробуваат ситната прав во воздухот како и дождовницата.

Покрај новододадените растенија, станиците веќе имаат енергетски ефикасни ЛЕД светла како и клупи од бамбус за патниците.

До крајот на 2019 градот планира да воведе 55 електрични автобуси. Ова е на линија со нивниот план до 2028 да имаат јавен транспортен систем кој ќе биде апсолутно незагадувачки и одржлив. Автобусите ќе возат на електрична енергија произведена од холандските ветерници.

Дополнително, градот ги поттикнува локалните жители да преземат слични чекори со раззеленување на нивните кровови нудејќи субвенции за жителите кои имаат кровови над 20 квадратни метри.

Во Холандија постојат 358 видови на пчели, но за жал повеќе од 56% од видовите се загрозени и ставени на холандската црвена листа.

Извор: Окно/truththeory.com