Спомен-плоча за Горан Стефановски поставена на Античкиот театар во Охрид

Спомен-плоча во чест на познатиот македонски писател и драматург Горан Стефановски е поставена денес на Античкиот театар во Охрид.

Иницијатор за поставувањето е Лајонс-клубот „Лихнидос“, а е изработена по повод годишнината од неговата смрт, пренесува „ОхридПрес“.

Од клубот соопштија дека по повод откривањето на плочата била планирана и соодветна свечена цереномија, но била откажана во знак на почит кон загинатите и повредените во земјотресот во соседна Албанија.