Спој на македонска и холандска техно музика на „Red Sound District“ во МКЦ

Уникатната музичка комбинација на македонски и холански диџеи, во една вечер, на едно место, но на два подиума, по четврти пат ќе се случува во Скопје. Оваа година „Red Sound District“ ќе се одржи на 21 април во Младинскиот културен центар.

Посетителите ќе имаат можност да ги слушнат едни од најинтересните холандски диџии во комбинациија со неколку македонски.

За првпат во Скопје доаѓаат Abstract Division кои ќе понудат енергично и интелегентно техно. Нивната музика ги полни фестивалите и клубовите ширум Европа.

Дополнително, ќе настапуваат Esh и Florinsz Janvier од Амстердам. Од домашните изведувачи, пак, ќе се претстават ME.N.U. , Видинивоски, Мирко Попов и Симоновски.

Картите се пуштени во предпродажба по цена од 250 денари. На врата на самата вечер ќе бидат 300 денари.

Организаторите најавуваат дека журката ќе трае до раните утрински часови.