„Создавам бренд и приказна, без почеток и крај“ – #ИнстаИлустрации со Бранислав Павлоски

Бранислав Павлоски, познат уште како Банзе, е графички дизајнер кој работи како „фриленс“ илустратор. Тој доаѓа од Скопје, а дипломирал во Софија, Бугарија, каде во моментов живее.

За илустрациите вели дека се негова опсесија од кога знае за себе. Инспирацијата за нив, вели тој, доаѓа од желбата да создава концепти и теми како приказна.

„Се трудам да ги правам како дигитални колекции на илустрации со разработка и фокус кон тема, букви, карактери и ‘flow’. Секое делче од една илустрација е помислено пред да биде создадено и ставено во целосниот концепт. Во последно време започнав да комбинирам и букви, на кои им менувам формата за да може природно да се совпаднат со темата. Градењето на фундаментален и препознатлив стил е секогаш главната цел“, изјави Павлоски за Радио МОФ.

„Едноставно создавам бренд и приказна, без почеток и крај, природно сврзани со мојата страст и лична креативна цел“, додава тој.

Павлоски е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branislav Pavloski (@banze.ilstrns)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branislav Pavloski (@banze.ilstrns)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branislav Pavloski (@banze.ilstrns)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branislav Pavloski (@banze.ilstrns)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branislav Pavloski (@banze.ilstrns)