Со пауза од четири месеци започнува судењето за нападите врз сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“

Денес започнува судскиот процес против 14 обвинети за нападите врз францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ пред пет години. На тројца од обвинетите ќе им се суди во отсуство.

Обвинетите се судат за помагање на двајца милитантни исламистички напаѓачи кои убија 12 лица во и околу париската канцеларија на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ во 2015 година. Во поврзан напад, неколку дена подоцна, трет напаѓач застрела полицајка и нападна еврејски супермаркет. Вкупно 17 луѓе беа убиени во период од 3 дена.

Нападите започнаа поголем бран на џихадистички напади во Франција во кои починаа повеќе од 250 луѓе. Во деновите по нападите, милиони луѓе учествуваа во маршовите за солидарност под заедничкиот слоган „Јас сум Шарли“.

Магазинот го одбележа почетокот на судскиот процес преку повторно објавување на контроверзните илустрации од пророкот Мухамед кои предизвикаа протести во неколку муслимански држави.

За 14-те обвинети за помагање во подготовките на нападите, судскиот процес ќе започне со задоцнување од скоро четири месеци поради пандемијата со коронавирусот. Во март, судот одлучи дека со француските мерки против коронавирусот, невозможно е да се соберат сите засегнати страни, сведоци и експерти на едно место поради санитарните услови.

Осомничените соученици се обвинети за снабдување со оружје и логистичка помош за нападите врз „Шарли Ебдо“ на 7 јануари 2015 година, како и за нападите врз полицајка и супермаркет. За сите три осомничени се верува дека изчезнале во северните делови на Сирија и Ирак, па тие ќе бидат судени во отсуство. Судскиот процес се очекува да трае до ноември.

Во јануари 2015 година двајца фрацуско-муслимански напаѓачи, браќата Шериф и Саис Куачи ги нападнаа канцелариите на магазинот „Шарли Ебдо“ на улицата Николас Аперт и со огнено оружја пукаа врз вработените. Уредникот на сатиричното списание Стефан Шарбонје, попознат како Шарб, беше помеѓу четворицата илустратори кои беа убиени.

Извор: BBC