Швајцарски студенти направија инвалидска количка која се движи по скали

Нов протототип развиен од страна на студенти од Швајцарија би можел конечно да ги тргне пречките на лицата кои користат колички.

Десет швајцарски студенти по механика и инженеринг во текот на минатата година ја развиваа единствената „Scalevo“ електрична инвалидска колична , која може да се искажува по скали користејќи гумени ленти меѓу двете тркала, како и дополнителна тркала во задниот дел од количката за полесно движење, јавува Тech.beyondblindfold.

Сепак, количката која ја направи тимот студенти од Швајцарскиот федерален институт за технологија и Универзитетот за уметности од Цирих, нема да биде пуштена во скоро време на пазарот.Студентите ја направиле во рамки на неколкумесечниот курс со цел да докажат дека нивниот концепт е реален и употреблив. Сега тие планираат нивниот подобрен дизајн да биде претставен за параолипискиот предизвик „Cybathlon Challenge for Robot-Assisted Parathletes“, во октомври 20016.