Шума во градот – средба за распределба на дрвца

Еколошкото здружение „Гринбокс“ организира средба со сите кои сакаат да учествуваат во иницијативата за садење на дрва во Скопје, #ШумаВоГрадот. Средбата ќе се одржи во петок (12.02) во Канцеларијата за млади на Општина Центар, од 18 до 19 часот.

На средбата ќе бидат поделени сите дрвца кои биле засадени изминатава зима, со совети како да се чуваат.

Акцијата започна минатата година во март, кога „Гринбокс“ и повеќе активисти и граѓани поделија околу 30 дрвца за одгледување. Задачата на луѓето кои се пријавија да ги одгледуваат беше да ги пресадат во поголеми саксии кога ќе потпораснат, да им помогнат да опстојат во лето, за потоа да бидат засадени низ градот.