Штафетата „Трка за мир” повторно минува низ Македонија

Трката за Мир, глобалната штафетна трка која промовира мир, единство, пријателство и разбирање и оваа година повторно ќе пристигне во Македонија. Според распоредот на годинешната рута, штафетата низ земјава ќе поминува од 7-ми до 12-ти март.

Трката за Мир е глобална штафетна трка која не е од натпреварувачки карактер. Составена е од интернационален тим маратонци-волонтери. Подавајќи го фаќелот од рака на рака, трката поминува низ многу држави на различни континенти и на тој начин поврзува мнозина училишта, огранизации, градови и луѓе од различни националности и култури насекаде во светот.

Од основањето во 1987 година, Трката за Мир пропатува преку повеќе од 150 нации и ги допре животите на милиони луѓе. Порано позната како Трка за Светска Хармонија, Трката за Мир едноставно тежнее да создаде добра волја меѓу луѓето без разлика на сите наши различности. Со подавањето на факелот од рака на рака, трката им ја дава можноста на луѓето да ги изразат своите соништа и надеж за подобра и посветла иднина.

На Европскиот Континент, Трката за Мир се одржува секои две години, посетува 49 земји и претчува 24.000 километри.

Традиционално, Трката за Мир посветува особено внимание на тоа градот домаќин да се погрижи да ги координира училиштата и спортските клубови со Општината, и во центарот на градот или некое друго соодветно место да организира пречек со мала културна свеченост посветена на Трката и почесно примање на факелот од страна на Градоначалникот со негов пригоден збор.

По завршувањето на манифестацијата, тимот заедно со локалните спортисти и ентузијасти, трчаат кон излезот на градот од каде трката го продолжува својот пат кон следната општина.

Распоред:

ПРВ ДЕН – 07.03.2018 (Среда) – 90км
Гевгелија – Богданци – Демир Капија – Неготино

ВТОР ДЕН – 08.03.2018 (Четврток) – 94км
Неготино – Градско – Велес – Петровец

ТРЕТ ДЕН – 09.03.2018 (Петок) 80км
Скопје – Тетово – Гостивар

ЧЕТВРТИ ДЕН – 10.03.2018 (Сабота)- 90км
Гостивар – Маврово и Ростуше – Дебар

ПЕТТИ ДЕН – 11.03.2018 (Недела) – 90км
Дебар – Вевчани – Струга

ШЕСТИ ДЕН – 12.03.2018 (Понеделник)
Струга (манифестација)