Шест проекции во Неделата на современ израелски филм

Неделата на современиот израелски филм ќе се одржува од 15 до 19 декември, низ која се предвидени проекции на шест филмови.

Фестивалот започнува во четврток од 20 часот во киното „Миленум“, каде ќе се прикажува филмот „Свадбена кукла“ на режисерот и сценарист Нитзан Гилади.

Проекциите од петок се префрлуваат во Кинотеката на Македонија. Таму од 20 часот ќе се прикажува „Претставувајќи ја принцезата Шо“ на Идо Хаара, во сабота во истиот термин е „Одење по вода“, додека во недела има проекции на два филма – „Сругим“ од  20 часот и „Кафуле Наглер“ од 21 часот.

Неделата на современ израелски филм завршува во понеделник со филмот „Илај и Бен“ од 20 часот.