Шест кучиња од „Лајка“ чекаат посвојување или ќе бидат вратени на улица

Шест кучиња од стационарот „Лајка“ се подготвени за вдомување и го очекуваат својот сопственик. Како што соопштија од прифатилиштето, овие шест миленици на фотографиите подолу се меѓу првите бездомни кучиња кои по пријава на граѓани беа заловени и третирани во „Лајка“.

Тимот на негователи им посветува љубов и внимание и се грижи за нивните секојдневни потреби. Во моментов активно се работи на нивна социјализација и се бара нивен дом. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици“, инфомираат од стационарот.

Секој граѓанин кој ќе сака да вдоми куче, пред сè, ќе треба да пополни прашалник за вдомување, по што ќе разговара со стручно лице вработено во прифатилиштето за да се процени дали и колку вдомувачот е соодветен и би бил одговорен сопственик. Доколку се покаже дека вдомувачот е соодветен, ќе оствари контакт со кучето кое сака да го вдоми минимум два пати, да го посети прифатилиштето и да помине времесо кучето. Назначени вработени од прифатилиштето на ЈП „Лајка“ ќе имаат обврска да го посетат вдомувачот, со цел да се утврди дали истиот го чува соодветно и во согласност со Законот за благосостојба на животните.

Доколку заинтерсираните граѓани сакаат да вдомат миленик, како и за сите дополнителни информации треба да се обратат во ЈП Лајка: E-mail: vdomi@lajka.com.mk или на телефонскиот број: 022565859.

Ова се кучињата кои чекаат да бидат посвоени: