Седуммина починати, 325 нови случаи и 479 оздравени – дневна статистика за Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.589 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на ковид-19 и 479 оздравени пациенти.  Починати се 7 лица, 2 пациенти од Скопје (89 и 79г), двајца од Охрид (80 и 89г) и по еден од Гостивар (62г), Струга (85г) и Пробиштип (70г). Сите 7 пациенти се починати во болнички услови.

Направените 2.589 теста се преку: ИЈЗ-420, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена-236, Биотек-188, Жан Митрев (Филип Втори)-102, Систина-210, лабораторија Лаор–262, МАНУ-126, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби -2, ГАК-0, Синлаб-67, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-28, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 821, УК Пулмологија со алергологија–2, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 454.608 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.518, бројката на оздравени пациенти е 81.316, на починати е 2.848, а бројот на активни случаи изнесува 8.354 од кои половината се во главниот град, 4.449 случаи. Над 300 активни случаи има и во Куманово, Тетово, Охрид и Кавадарци.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели е 611 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите. Од Министерството за здравство соопштуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.