Седумгодишно момче измисли светлечки беџ за играчите на Pokѐmon Go да се заштитат додека играат во темнина

Најновата игра за паметни телефони на Нинтендо, Pokѐmon Go, се состои од трчање наоколу и барање на Покемони, кои играчите треба да ги „уловат“. Поради тоа, голем број луѓе во земјите каде играта е достапна се во опасност додека ја играат ноќе, бидејќи не се видливи за луѓето и возилата околу нив.

Иако играта е хит и за играчите е многу забавна, досега имаше неколку случаи во кои играчите западнаа во опасност. Поради тоа, седумгодишниот Атен Салцедо од Папилон, Небраска, загрижен за безбедноста на играчите на Pokѐmon Go кои, измислил беџови кои рефлектираат светлина кои можат да ги носат, за да бидат видени од возачите на автомобили и други возила.

Беџот е сличен на мачкиното око кое се става на велосипедите, но има дизајн ист како иконичната Поке топка.

За да го популаризира својот производ, Салцедо направил веб страница со помош на мајка му, а отворил и GoFundMe страна за собере финансиска помош за неговиот производ. За еден ден собрал повеќе од 1500 долари, иако целта му била да собере 500.

„Не сакам луѓето да се повредуваат играјќи Pokѐmon Go доцна во ноќта, па направив копче кое се осветлува кога автомобилите се приближуваат до играчот“, објаснува Салцедо на неговата веб страница. „Сакам сите кои играат да имаат PokeGlo. Се надевам дека повеќе луѓе ќе си купат и ќе ги носат постојано додека играат, за возачите да можат да ги видат“.

Првата „доза“ беџови Салцедо ги направил сам дома во текот на изминатиот викенд. Вели дека целта на овој производ не е да му донесе пари, бидејќи има други професионални планови.

„Ќе изграм за Националната рагби лига (NFL), но сакам што е можно повеќе луѓе да имаат беџови, па ги правам евтини за сите да можат да си купат“, додава седумгодишниот Атен.