Сара и Матеј се најчестите имиња за 2020 година

Сара и Матеј се најчестото женско и машко име кое на своите бебиња им го дале родителите во 2020 година, покажаа податоците на Управата за водење матични книги.

Најчести женски имиња за 2020 година те женски бебиња се Сара, Јана, Јована, Марија, Софија, Асија, Елиф и Туана. Најчести машки имиња покрај Матеј се и Тадеј, Александар, Калин, Увејс и Дијар.

Лани пак Дениција било најчестото женско, а Давид најчестото машко име за 2019 година. На врвот на минатогодишната листа се најдоа и женските имиња Михаела, Јана и Катерина, како и машките Михаил, Стефан, Калин и Муса.

Ако сакате пак да проверите коллку е често вашето име или презиме, тоа може да го направите преку апликацијата за пребарување на имиња и презимиња на Државниот завод за статистика – ТУКА.