Самоодржување на точаци во „Педала“

Секој понеделник центарот „Педала“ е отворен за потребите на членовите и точакољупците во Скопје.

„Алатите се на располагање секој да ги користи, а некој од Педала доброволците е таму да ве советува или помогне како да си го одржувате точакот. Затоа што нема никој да вложи повеќе љубов во одржувањето на твојот точак од ти самиот“, велат од „Педала“.

Инаку, велосипедскиот социјален центар „Педала“ е основан од Центарот за одржливи иницијативи – Скопје, а помогнат од Центарот за истражување и креирање на политики и Европската Унија.

Центарот цели кон развој и подобрување на велосипедската култура, а е со едноставна и оптимистичка мисија: да шири насмевки.