Роботи и дронови влегуваат во училниците

Училниците овие денови стануваат технолошки многу пософистицирани – се позастапени се интерактивни табли, лаптопи и онлајн планови на учење, но дали наставната програма се менува, или децата просто ги учат истите работи на различни уреди?

Некои спорат дека образованието, кое го добива оваа генерација деца, не е многу променето од тоа што го имале нивните родители или дедовци и баби. Но, во светот каде вештачката интелигенција и роботите се закануваат на работните места, вештините кои треба да ги научи новата генерација ученици веројатно се радикално различни од трите постулати на образованието: читање, пишување, аритметика.

Британскиот ББЦ побара одговори на овие прашања при посетата на „Bett conference“, саемот за информатичка технологија во образованието, водечкиот светски настан во оваа област.

Во близина на овој саем, се наоѓа ново училиште кое, според директорот на установата Џефри Фоулер, е нешто поголема од монтажна кабина. Но, и покрај ова, Техничкиот колеџ за дизајн и инженерство на Источен Лондон бил преполн со заинтересирани ученици на возраст од 14 до 19 години, на почетокот со работа во септември.

180 ученици, доволно среќни да добијат место во училиштето имале многу поразлично искуство за време на овие 4 месеци додека се таму.

Една група дизајнирала од „нула“ околина за виртуелна реалност која гледачите ги носи на патување низ село во Етиопија, како дел од проект за да се потенцира работата на хуманитарната организација „Water Aid“.

Друга група своето време го поминала учејќи го Пепер, хуманоиден робот, како да направи различни движења – меѓу нив и потегот „даб“, омилен од младите низ земјата.

Третата група овој викенд е на необично скијачко патување. Заедно со нив ќе бидат 11 Нао роботи, кои улениците планираат да ги научат како да скијаат.

Додека другите училишта можеби овие проекти ги гледаат како забавни додатоци на наставната програма, Фоулер мисли дека дека тие треба да се вклучат во нив.

Училиштето работи со широка мрежа на спонзори од индустријата, меѓу нив и Универзитетот на Источен Лондон, Приватниот оператор со водовод „Темза Вотер“ и Фуџицу, кои обезбедуваат стипендии, но и информации за типовите на вештини кои според нив би требало да ги научат децата.

Во Англија постојат 48 технички школи во мометот, а оваа шема се покажала како контроверзна. Една пкола во Источен Лондон затворила после само две години, бидејќи не обезбедиле доволно ученици, додека друга школа во Бедфордшир била означена како несоодветна од Агенцијата за стандарди во образованието.

Некои наставници се противат на идејата за стил на стручно образование, исклучувајќи ги овие технички спонзорирани школи од ангажирање ученици од нивните училишта.

Но статистиката посочува дека младите кои посетуваат такви спонзорирани технички школи имаат исти, ако не и подобри резултати од оние кои посетуваат конвенционални училишта.

Џејмс Кули, кој е на чело на секторот за компјутерски науки во училиштето, го гледа ова секојдневно.

„Никогаш не сум видел учениците да учат толку бргу“, рекол за ББЦ.

Часови со дронови

Голем број основни училишта сега се убедени во важноста да се научи програмирањето. Тинкер, компанија која имплементираше филозофија за „програмирање преку игри“ во 60 илјади училишта во САД, покрена нов проект – учење програмирање преку часови со дронови.

Стотици училишта во САД ја воведуваат оваа идеја, која исто така ќе почне да се спроведува и во Велика Британија.

Училиштата обично купуваат помеѓу 6 и 12 дронови преку партнерство на „Тинкер“ со произведувачот на дронови „Парот“ и потоа ги преземаат бесплатните часови за дронови. Иако изгледа како храброст, да се дозволи летање дронови во училницата, наставничката Џози МекКеј од основно училиште во Индијана нема такви проблеми.

„Последниов месец гледам како нивната самодоверба расте додека преоѓаат од програмирање на нивниот дрон до летање низ собата без да го удрат во некоја пречка. Секоја недела овие ученици развиваат нови и посложени цели за себе, работат заедно и според тоа го програмираат дронот. Задоволството на нивните лица кога ќе ја постигнат целта е заразна“, опишува таа.

Дроновите се набавуваат со посебни опции, како „програма за училница“ која значи дека тие се подигаат од земјата многу побавно. Децата не можат да ги управуваат туѓите дронови и постои автоматско копче за стопирање, доколку нечии прсти дојдат во близина на пропелерите на леталото.

Од „Тинкер“ за ББЦ изјавиле дека „нивната цел не е да креираат програмери, туку да го понудат програмирањето како животна вештина“.

Алтернативна реалност

Замислете училница во која наместо книги, учениците улат од преку нивните слушалки или очила – влегувајќи во виртуелно реален свет во кој учат за Француската револуција или интерактивно се соочуваат со холограм од соларниот систем за да научат нешто за вселената.

Според образовниот специјалист на Леново, Сем Морис, постојат огромни придобивки од ваквиот начин на учење.

„Гледаме на алтернативната реалност и виртуелната реалност како на следната граница. Првите истражувања покажуваат дека уредите ги вклучуваат учениците во задачи, ја подобруваат нивната групна интеракција и можноста да се прилагодат на повеќе дисциплини“, објаснува.

На Bett саемот беа прикажани HoloLens, кои скоро го промовираа нивниот сер за „мешана реалност“. Во соработка со други институции и установи тие развиваат холограм од човечкото тело преку кој во детали можат да се погледнат коските, органите и крвните садови.