Роботи би можеле да заменат 10.000 вработени во „Ситибанк“ во наредните пет години

Во наредните пет години роботи би можеле да заменат 10.000 вработени во една од најголемите банки во САД – Ситибанк, соопшти претседателот на оваа финансиска институција, Џејмс Форес.

„Имаме 20.000 оперативни позиции. Во следните пет години може да ги намалиме на 10.000“, изјави тој.

Според него, автоматизацијата подложи на технологии и операции кои вклучуваат речиси 40 отсто од вработените во банкарскиот оддел на „Ситигруп“. Форес ги опишува овие позиции како „најсоодветни за машинска обработка“.

Други менаџери на големи банки откриваат слични планови. Ричард Гнод, главен извршен директор на „Голдман Сакс“ смета дека нема причина да се стави крај на зголемувањето на автоматизацијата.

„Денес постојат многу функции што и се доверени на технологијата и не разбирам зошто овој процес треба да заврши наскоро“, вели тој.

Претходно на конференција во Франкфурт, главниот извршен директор на „Дојчебанк“, Џон Крајан најави дека повеќето вработени во банката ќе бидат заменети од роботи и други технологии.