„Реобмислување – филм, музика и поезија” вечерва во Крива Паланка

Со музика од Бранислав Николов и Гоце Јованоски и филмска поезија од Дејан Трајкоски денеска во 19 часот во Europe House во Крива Паланка ќе се одржи настанот “Реобмислување – филм, музика и поезија”.

Се работи за интердисциплинарен проект во развој: фузија на поезија, филм и музика.

„Идејата е да се реобмисли уметничко дело и да се создаве ново, во поинаква форма од оригиналното Се работи за песни инспирирани од сцени од повеќе филмови. Поезијата од Трајкоски ќе биде изведувана од Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски, инспирирана од оригиналните филмски композиции“, најавуваат организаторите.

Проектот е поддржан од Европска Унија, а се реализира во организација на Метрика Култура.