Четврто издание на „Уметникум“ во Корчагин

Четвртото издание на средношколскиот настан „Уметникум“ ќе се одржи во гимназијата Раде Јовчевски-Корчагин од 15 до 18 февруари.

Во организација на училишната заедница и Кариерен центар, собраните средства од настанот ќе бидат донирани за лекувањето на соученик од гимназијата.

За на 15 февруари, среда, прво е предвидена филозовска вечер со професорите Драгица Солунчева и Ристо Солунчев. Предавањето ќе трае од 19 до 20 часот.

По предавањето ќе следува свирка на „Хајка“, „Налеј“, „Фјутулити“, „Десет“ и друго. Влезот за свирката ќе биде од 20 часот, додека почетокот е во 20 и 30 часот. Влезницата за првата вечер ќе изнесува 100 денари.

16 февруари, четврток е предвиден за филмска вечер со Стојан Синадиновски и Петре Чаповски која ќе започне од 19 часот. Според програмата, потоа, во 20 и 20 часот ќе следува проекција на филмот „Тетовирање“. Картата за оваа вечер изнесува 50 денари.

На 17 февруари, петок, е вечер за поезија. Поетско читање ќе одржат младите поети од „Култура Бета“, со почеток во 19 часот.

Потоа, во 20 и 30 часот ќе следува трап свирка со Матеј Фолц, ZEE, Иван Ајнштајн, Секси Марса, Дејвид Блек, DJ Komar, Лорд, Vybe,  Visionary и Јаша и Марколиум. Картата за оваа вечер ќе изнесува 150 денари.

На 18 февруари, сабота, на последниот ден од настанот, од 19 часот ќе започне предавањето по сликарство со Сашо Саздовски.

Потоа, од 2о и 30 часот, ќе се одржи рап настап на ЕБСФ, Куп де грас, DJ Komar, Бригада 3, Чермен, ДСШ, Спаск1 и Максимус Вандал. Карта од 100 денари.

Парични средства може да се донираат и индивидуално преку телефонски повик (за Телеком) 143 143 и А1 – 143 485.