Шести „Рок Хепенинг“ во Демир Хисар

На 8 септември 2021 година во Домот на културата “Илинден” во Демир Хисар со почеток во 20 часот ќе се одржи шестото издание на Музичката манифестација “Рок Хепенинг Демир Хисар”.

На манифестацијата ќе настапат бендовите: КОД 369 од Битола, Ревелејшн од Демир Хисар, Инвиктус од Крушево, Супернова од Битола и Демир Хисар, Инстинкт од Ресен и Блумајндс од Демир Хисар.

Организатор на Манифестацијата е Здружението на граѓани за афирмација на културата и развој на руралниот туризам “Граѓанска актива Икарус” од Демир Хисар. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општина Демир Хисар.