„Перија“ и „Добрила и Дориан дуо“ со фузиска чалгија вечерва го отвораат ОФФ Фест 2022

Со концертот на македонскиот фузиски бенд „Перија“ и традиционалниот негувач на чалгиската музика „Добрила и Дориан дуо“ вечерва (1 јуни) во 20 часот во Националната опера и балет се отвора програмата на 21 издание на музичкиот фестивал ОФФ Фест.

Бендот „Перија“, формиран во 2015 година започна со настапи на улица како импровизирана сцена што во последниве неколку години преку комбинирање на различни јазици од Балканот и верба во еднаквост на сите култури пренесена во нивната музика успеа да објави два студиски албума и две продолжени изданија.

Добрила и Дориан соработуваат уште од 2008 година, а бендовската музичка авантура ја започнуваат во 2020 станувајќи една од единствените бендови што свират традиционална чалгија, а паралелно на тоа креираат и нова музика. Нивниот прв албум е наречен „Апокриф“ и во него дуото ги им дава нов „електронски“ звук на песните „Излези, Видо“, „Три години стана“ каде наместо познатиот инструменариум на поголемите ансамбл и се слуша само утот, луповите, импровизациите па дури и тишината.

Повеќе информации за програмата и билетите може да видите на веб-сајтот на фестивалот.