Референдумот во Богданци до 10 часот со слична излезност како оној во Гевгелија

Референдумот во Општина Богданци, на кои граѓаните се изјаснуваат дали се „ЗА“ или „ПРОТИВ“ продолжување со работа на рудникот Казандол, засега се одвива без проблеми. До 10 часот на гласање излегле 9% од запишаните избирачи.

За споредба, на референдумот во Општина Гевгелија пред два месеци, до 10 часот гласаа нешто над 10%. Тој референдум успеа, со излезност од скоро 70% на граѓаните кои се изјаснија против отворање рудници на планината Кожув.

На денешниот референдум право на глас имаат околу 7.000 жители на Општина Богданци, кои ќе можат да гласаат на 12 избирачки места.

За успешно спроведување на референдумот неопходно е на гласањето да излезат минимум половина плус еден од запишаните околу 7.000 жители со право на глас во Општина Богданци. Притоа, мнозинството од излезените граѓани треба да се одлучат за стопирање на изградбата на идниот рудник во Казандол.

На референдум за Казандол на 18 јуни, ќе излезат и жителите на Општина Дојран, а во постапка за референдум се и граѓаните на Валандово.