„Распеан пат“ во Холандија наместо да ја подобри безбедноста, ги полуде жителите

Идејата на холандските власти да ја подобрат безбедноста на патиштата така што поставија „распеани ленти“ се покажа како неуспешна.

Специјалните ленти кои испуштаа тонови кога возилата поминуваа над нив во одредена брзина ќе бидат отстранети.

Жителите од околното село велат дека постојаната бучава ги полудувала.

Некои тоа го нарекоа „психолошка тортура“, други пак, велат дека автомобилите возеле побрзо за да видат дали и музиката ќе биде побрза.

По јавниот притисок, властите го затворија „распеаниот пат“ само еден ден откако официјално беше отворен.

За да ја отсвират химната на северната провинција Фризланд, автомобилите морале да возат со брзина 60 километри на час.

„Полудувам. Не можете да седнете надвор и да спиете навечер“, изјави жителка.

Други, пак, сметаат дека иако идејата е одлична, таа подобро би се вклопила на други патишта.

Специјалните ленти чинат 80 000 евра, вклучително и трошоците за нивно отстранување.

„Тоа беше експеримент за тоа како да се влијае на однесувањето на возачите“, изјавија властите.