Работилница за слободата на изразување онлајн и офлајн

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ организира работилница „Разбирање на слободата на изразување онлајн и офлајн“, која ќе се одржи на 12 април во Клубот на новинари во Скопје.

На работилницата ќе бидат претставени основните концепти во сферата на слободата на изразување, како и актуелните и релевантните стандарди на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на слободата на изразување на и вон интернет.

Основа за работилницата е публикацијата „Први чекори во разбирањето на слободата на изразување онлајн и офлајн“ чија подготовка е поддржана од Американска адвокатска комора (АБА РОЛИ) и Стејт департментот како дел од Проектот за интернет слобода во Источна Европа и Евроазија.

Публикацијата е достапна на македонски и албански јазик, кои ќе бидат работни јазици на работилницата, со обезбеден симултан превод.

Пријавувањето трае до вторник, 10 април, до 17 часот преку пополнување на формуларот за регистрација, по е-пошта на contact@metamorphosis.org.mk, или на телефон на 02/3109-325 (лице за контакт Горан Ризаов).