Протестен марш од Влада до Министерство за култура поради „Скопје 2014“

Протестен марш поради проектот „Скопје 2014“ е најавен за денеска (30 мај), според програмата за 14-тиот ден од поставувањето на кампот пред Влада. Граѓани и активисти ќе тргнат од Владата во 18 часот и ќе маршираат до Министерство за култура.

По маршот, во периодот од 19 до 20 часот, пред присутните во кампот ќе се обратат Илија Николовски од партијата на пензионерите, Станислав Пипан, универзитетски професор, Максим Димитриевски од СДСМ и Горан Мисоски од НСДП.

Верерва на програмата се најавени  музика, видео, арт со Џабир Дерала и други гости.

Протестниот марш „Скопје 2014“ следи по вчерашното објавување нови аудио записи, кои како што тврди опозицијата покажуваат дека лично премиерот Никола Груевски е креатор на проектот кој го измени ликот на центарот на Скопје.