Протест за малиот Алмир пред Собрание: „Да ја поздравиме г-ѓа Могерини“

Граѓани од иницијативата „Правда за Алмир“ најавија протест пред Собранието за како што велат, да ја поздрават високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија и заменик-претседател на Европската комисија, Федерика Могерини.

Таа денес треба да одржи свое обраќање во законодавниот дом.

„Во 9:15 пред Собрание на РМ, да ја поздравиме г-ѓа Могерини“, повикуваат од иницијативата.

Оттаму велат дека ја продолжуваат борбата за случајот со малиот Алмир, но и за други случаи за кои ќе има индиции за неправедни пресуди.

Иницијативата досега испрати писмо до амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија, амбасадорите на земјите членки во НАТО, ОБСЕ, како и до шефовите на делегациите на ЕУ и ОБСЕ во Македонија, во кое го бараат нивното внимание случајот со Алмир.

Шест години затвор за обвинетиот во случајот „Алмир“