Пропаднаа обидите за склучување на глобалниот Договор за заштита на океаните

Пропадна петтиот обид за воведување на Договорот за заштита на океаните и водниот живот, пренесува „Би-Би-Си“. Разговорите за воведување на Договорот на Обединетите нации за океаните траеа две недели во Њујорк, но државите не се најдоа заедничка согласност во условите. И покрај тоа што интернационалните води зафаќаат две третини од водната површина, само 1.2 отсто од нив се заштитени.

Активистите за животна среднина изјавија дека пропаѓањето на договорот е „пропуштена шанса“. Последниот интернационален договор за заштита на океаните беше потпишан пред 40 години, каде што беше одлучено дека сите земји имаат право да ловат, истражуваат и пловат по интернационалните води.

Водниот свет надвор од заштитените територии кои зафаќаат само 1.2 отсто од вкупната површина, се на ризик од климатските промени, водниот сообраќај, прекуокеанската трговија како и пречестото ловење. Во последните две недели, 168 држави потписнички на претходниот договор, заедно со земјите членки на ЕУ, се собраа за да направат нов договор.

Преговорите се фокусираа на четири клучни прашања – создавање на заштитени водни подрачја, финансирање на изградба на капацитети во земјите во развој, подобрување на проценките на влијанието врз животната средина и споделување на морски генетски ресурси – биолошки материјал од океански растенија и животни, што може да има придобивки за општеството.

Уште пред собирот, над 70 земји веќе се согласија да заштитат 30 отсто од океаните, односно да воведат регулации за ловењето, рутите на водниот сообраќај и откопување на руда од морските длабочини.

Но, земјите потфрлија да дојдат во согласност по прашањата како права за риболов и финансиската поддршка на земјите во развој. Дополнително, уште една тема која предизвикала несогласувања е Северниот Пол.

„Во време кога поради климатските промени зимите се сè пократки, Северниот пол е уште една проблематика која отвора дополнителни разговори“, изјавила Џесика Бетл од Светската фондација за дивина.

Поради пропаднатите обиди за склучување на договорот, постои загриженост дека без него, дел од водните видови не само што нема да се заштитени, туку ќе изумрат и досега неоткриени видови.

Не се знае кога земјите ќе продолжат со договорите, но рокот е поставен за крајот на оваа година.