Промоција на возобновеното студентско списание „In medias res“

Првиот број од возобновеното студентското списание „In medias res“ ќе биде промовиран утре (среда, 20 декември) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

„Во ова издание се застапени авторски текстови (поезија, проза), есеи, осврти, книжевни критики, интервјуа и колумни на над дваесет студент(к)и“, се вели во дописот до медиуми.  

По промоцијата, Списанието ќе биде објавено во електронска форма на веб-сајтот на Филолошкиот факултет – https://flf.ukim.mk/.

Уредници на списанието се студенти од катедрите на Филолошкиот факултет кои се погрижија за текстовите и за јазичното уредување, а графичко-визуелниот дел на првиот број го уредуваше Ајнур Касо.  

Промоцијата е утре, по повод Патрониот празник на факултетот, а биде во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет од 13 часот.

Списанието е остварено со поддршка на Новинарскиот клуб во координација со професорката Зорица Трајкова Стрезовска, Факултетското студенстко собрание на Филолошкиот факултет и деканот на факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски.