Промоција на поетската книга „Живот на меѓукат“ од Јовица Ивановски во КИЦ

На 11 мај (четврток) со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Живот на меѓукат“ на авторот Јовица Ивановски.

На промоцијата која ќе се одржи во изложбениот салон – Империјал 1 во Културно информативниот центар (КИЦ), за книгата ќе зборува Ѕвездан Георгиевски, а песни ќе читаат Борче Николовски и актерот Исмет Шабановиќ.

Јовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на седумнаесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“, на Струшките вечери на поезијата, за книгата „Човек“ (2019).