Промоција на новата поетска збирка „Глуво време“ од Виолета Танчева-Златева

„Глуво време“ е новата поетска збирка од поетесата Виолета Танчева-Златева што ќе биде промовирана во понеделник во Изложбениот салон на Културни-информативниот центар во Скопје.

Збирката минатата година ја доби наградата „Антев златник“, а во најавата стои дека се разликува од сите претходни осум објавени стихозбирки на авторката.

Промоцијата ќе започне во 19:19 часот, промотор ќе биде Атина Цветаноска, настанот ќе го модерира Александра Јуруковска, а стихови ќе чита актерот Теоман Макуст.

„Глуво време“ е во издание на Издавачкиот центар „ТРИ“, а илустрацијата на корицата ја изработил Стефан Златев.

„’Ако не ние – кој? Ако не сега – кога?’ Со овие зборови од поетесата ве повикуваме на оваа несекојдневна промоција“, се вели во најавата за промоцијата.