Промоција на книгата „Дом со нула отпад“ од Беа Џонсон

На 3-ти мај во 20 часот во Јавна соба ќе се одржи промоција на книгата „Дом со нула отпад“, од авторката Preview (opens in a new window)Беа Џонсон, која ќе биде присутна на настанот.

„Во 2013 година, кога за првпат е издадена во САД, „Дом со нула отпад“ била единственото сеопфатно четиво за ѓубрето како фактор за (по)едноставен и исполнет живот. Оттогаш е преведена и адаптирана на над 20 јазици, а Беа Џонсон неуморно зборува за придобивките од живеењето со нула отпад и ја „шета“ својата тегла ѓубре низ целиот свет – по минатонеделното обраќање во ООН, по вторпат доаѓа и кај нас, овој пат за промоцијата на нејзината книга на македонски“, велат организаторите од граѓанската иницијатива „Од нула до нула“.

„Сите знаеме дека помалку ѓубре значи поздрава животна средина и подобро здравје. Но помалку ѓубре значи и повеќе слободно време, повеќе пари, повеќе искуства и помалку бришење прашина. Зарем може човек да посака повеќе“, додаваат организаторите.

Книгата „Дом со нула отпад“ е издание на „ВиГ Зеница“ – Скопје. Настанот ќе се одвива на македонски и англиски јазик. Првите сто продадени примероци на промоцијата ќе бидат потпишани лично од авторката. Повеќе информации за промоцијата можете да најдете на фејсбук настанот.

Повеќе за авторката на оваа книга можете да дознаете од интервјуто во продолжение, кое Радио МОФ го направи со Џонсон минатата година.

[Интервју] Беа Џонсон: Идејата за „една тегла ѓубре годишно“ е возможна, нуди здрав живот и долгорочна заштеда